Повеќе од 30.000 професори, библиотекари, водоводџии, електричари и други работници на Државниот универзитет во Калифорнија, најголемиот јавен универзитетски систем во САД, денеска започнаа седумдневен штрајк барајќи повисоки плати.
Штрајкот од 23 кампуси започна две недели откако универзитетските службеници ги завршија преговорите нудејќи зголемување на платите од пет отсто, ефективно на 31 јануари, што е далеку од зголемувањето од 12 отсто што го бара синдикатот, објави АП.
Синдикатот вели дека универзитетот има пари на сметките на резервниот фонд и може да обезбеди зголемување на платите со средства од оперативните готовински вишоци.