4NEWS.mk

Стружанец со измама земал пари од албанска државјанка

Триесет и осумгодишен стружанец со измама од албанска државјанка земал пари за отворање заедничка фирма.

СВР Охрид соопшти дека Полициската станица од Струга поднела кривична пријава против А.У. (38) од струшкото село Корошишта.

– Со лажно прикажување факти, во заблуда ја довел М.К.(36) од Поградец, Република Албанија, која, на 17 јануари годинава, на пријавениот на трансакциска сметка му пратила пари за отворање заедничка фирма во Струга, информира полицијата. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни