Во Македонија се регистрирани вкупно 22 случаи на голема кашлица.
Според Институтот за јавно здравје, најмногу од заразените се во Скопје каде се регистрирани 16 лица, додека пак 3 се во Куманово, 2 во Гостивар и еден во Боговиње.
Заболените лица се на возраст од 1 месец до 23,5 години, додека пак најголем број заболени се деца на возраст до 4 години, односно 9 случаи (40,9%) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 8 (36,4%) се деца на возраст од 1 до 4 години.
Дистрибуцијата по пол покажува дека 10 лица се од машки пол, а 12 од женски.
Во однос на вакциналниот статус, 18 лица од заболените не се вакцинирани или се некомплетно вакцинирани согласно возраста и Календарот за имунизација. Два случаи се комплетно вакцинирани за возраста, додека пак за два случаи вакциналниот статус е непознат.