Собранието на Алијанса за Албанците денеска го разреши претседателот на партијата Арбен Таравари од функцијата, јавува ТВ21.
Се работи за крилото на претседателот на Централното Собрание и екс претседател на партијата, Зијадин Села.
Според информации, „За“ гласале 106 членови, 1 бил „против“ и еден отсутен.