4NEWS.mk

Млад мотоциклист (18) тешко повреден во сообраќајка во Виница

Синоќа во 21.20 часот на крстосница од улиците „М.Тито“ и „Т.Арсов“ во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Сеат Кордоба“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.В.(41) од Виница и мопед „Априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Ф.С.(18) од с.Истибања, виничко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ф.С. и бил пренесен Јавнатa здравствена установа Виница.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Виница.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни