Здравје

4 намирници кои ги уништуваат бубрезите, а повеќето Македонци сакаат да ги јадат

4 намирници кои ги уништуваат бубрезите, а повеќето Македонци сакаат да ги јадат

На бубрезите им требаат многу течности и соодветна храна за нормално функционирање. Сепак, некои намирници можат негативно да влијаат на функцијата на бубрезите во секојдневната исхрана, па затоа треба да се избегнуваат.

Колку често всушност размислувате или се грижите за здравјето на бубрезите? Имајте на ум дека бубрезите се нешто како воин-заштитници на човечкото тело. Тие имаат клучна улога во отстранувањето на отпадот и вишокот течности од телото.

Но, несоодветниот начин на живот, кој вклучува избор на нездрава храна, може сериозно да му наштети на здравјето и правилното функционирање на бубрезите.

Затоа, одвојте неколку минути за да запомните која храна треба веднаш да престанете да ја јадете, или барем да го намалите внесот на минимум, доколку сакате вашите бубрези да останат здрави и ефикасни што е можно подолго.

Месни производи

Месните производи, како што се сланина, колбаси, виршли и хамбургери, се голема закана за здравјето на бубрезите.

Таквата храна има висок процент на натриум, а редовното прекумерно внесување на натриум може да доведе до зголемување на крвниот притисок и изложеност на бубрезите на прекумерен напор и стрес.

Покрај тоа, истражувањата сугерираат дека консумирањето повеќе животински протеини од растителните протеини може да ја забрза прогресијата на бубрежното заболување.

Газирани пијалоци

Газираните пијалоци имаат исклучително висока содржина на шеќер и речиси и да немаат хранлива вредност. Затоа, ваквите пијалоци додаваат дополнителни калории во вашата исхрана (нутритивно бескорисни), што може да резултира со зголемување на телесната тежина.

Истражувањата покажаа дека консумацијата на газирани пијалоци е поврзана со голем број болести, како што се остеопороза, бубрежни заболувања, метаболички синдром и проблеми со забите.

Крајно време е да престанете да пиете газирани пијалоци и да се вратите на вода или свежи овошни сокови, како што е, на пример, свежа лимонада.

Пржени компири

Доколку во рестораните за брза храна консумирате компири во форма на чипс или во форма на помфрит, треба да знаете дека компирот во ваква пржена форма многу им штети на бубрезите.

Треба да се избегнува пржена храна за да се заштити срцето и бубрезите од болести. Освен тоа, компирот е богат со калиум, а сите оние кои веќе имаат бубрежни заболувања треба да го намалат внесот на калиум.

Замрзнати оброци

Истражувањата покажаа дека преработената храна, како што се готови замрзнати оброци и оброци подготвени за микробранови, може да придонесат за развој на дијабетес тип 2.

Тешко или ултра-обработена храна значи дека тоа е храна која е полна со скриени масти, шеќери и/или натриум. Секогаш е подобро да се подготви свеж оброк од целосна храна и да се избегнува замрзната полуготова храна која треба само да се пржи или загрее за да биде подготвена за консумирање.

Ако апсолутно мора да јадете замрзнати оброци, изберете ги оние кои имаат ниска содржина на натриум или „без додадена сол“ на етикетата. Можете малку да го „подобрите“ нутритивниот квалитет на таквиот оброк со додавање свеж зеленчук или овошје

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни