4NEWS.mk

Русија повторно на нозе: Маж се јавил во полиција и кажал дека подметнал експлозив, eвакуиран трговски центар!

Русија повторно на нозе: Маж се јавил во полиција и кажал дека подметнал експлозив, eвакуиран трговски центар!

Во Санкт Петербург се евакуирани посетителите и вработените во трговскиот центар „Лондон мол“.

На социјалните мрежи се појави видео од приведувањето на осомничениот.

Потсетуваме, како што јави „Фонтанка“, во полиција се јавил маж и рекол дека наводно подметнал експлозив во трговскиот центар „Лондон мол“ на улицата Колонтаи.

Мажот бил приведен, но не сакал да каже каде го поставил експлозивот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни