4NEWS.mk

Повисоки цените на индустриските производители на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи во мај годинава се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 1,8 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во мај 2019, во споредба со април 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот рударство и вадење на камен за 2,2 отсто, во секторот преработувачка индустрија за 0,1 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2 отсто.

Во мај 2019, во споредба со истиот месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот рударство и вадење камен за 5,7 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,2 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 2,8 отсто.

Статистичките податоци покажуваат дека продажните цени на  производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 2,5 отсто на годишно ниво.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни