4NEWS.mk

Во Неготино ќе се гради зграда со социјални станови

Станбена зграда за социјално ранливи категории граѓани ќе се гради во Неготино, на локација кај ул. „Едвард Кардељ“.

Почетокот на градежните работи ќе биде означен денеска во присуство на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката Кристијан Трајковски.

Новиот објект е дел од проектот Ф/П 1674 (2009) за изградба на станови за лица со социјален ризик и други ранливи групи, со кој е предвидена изградба на 32 објекти со вкупно 1.754 станови.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни