4NEWS.mk

Зајакната акциска контрола на сообраќајната полиција во Скопје – 55 возачи возеле пребрзо

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната во населено место на подрачјето на град Скопје.

Од страна на полициски службеници констатирано е дека 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место.

Преземени се 55 мерки против нив, а откриени се и 22 останати прекршоци, за кои се издадени девет прекршочни платни налози и 13 мандатни платни налози.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни