На интернет се појави инфографик кој ја прикажува листата на земји со најмногу празници и неработни денови во светот.
На врвот на листата е Иран, кој има 27 празнични и неработни денови, најмногу во светот.
Следат Бангладеш со 24 дена, Азербејџан и Камбоџа со по 21 ден и Сан Марино и Мјанмар со по 20 дена.
Во Гвајана и Казахстан има 19 слободни денови годишно, а во Ирак и Колумбија по 18 дена.