Магазин

Популарниот пејач почина на 49 години: Сними глобален хит, но со години се бореше со пороците

Шифти Шелок, чие вистинско име е Сет Бинсер, почина вчера на 49-годишна возраст.

Пејачот на рап-рок групата „Crazy Town“ починал во својот дом, соопшти полицијата во Лос Анџелес.

Причината за смртта се уште не е позната.

Нивната песна „Butterfly“ беше светски хит, но поради оваа песна беа прогласени за бенд со еден хит.

Сет Бинсер со години се бореше со зависност од наркотици и алкохол, па дури и беше во кома поради злоупотреба на психоактивни супстанци.

Зад себе остави три деца.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни