Свет

Во експлозија на резервоар за пропан во западна Турција загинаа пет лица, а 63 се повредени

Во експлозија на резервоар за пропан во западна Турција загинаа пет лица, а 63 се повредени

Во експлозија на резервоар со пропан во ресторан во градот Измир на западот на Турција денеска загинаа пет лица, а 63 се повредени, соопштија властите.

Безбедносните камери ја снимија експлозијата, која ја опустоши улицата и предизвика мала штета на околните згради.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалните мрежи објави дека десетици спасувачки персонал веднаш се испратени на местото на настанот.

Гувернерот на Измир Сулејман Елбан ги посети повредените во болница и соопшти дека 40 од нив веќе се пратени дома.

Властите уапсија еден осомничен кој можеби е одговорен. Човекот го замени резервоарот за пропан со нов во саботата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни