Неколку лица се повредени во напад со киселина во кафуле во градот Бохум во западна Германија, соопшти локалната полиција.
„Еден човек влегол во кафулето околу 15 часот и 25 минути и посипал со киселина гостин кој седел во градината. Тој е тешко повреден, а повредени се и жената која седела со нападнатиот, како и келнерката“, се наведува во соопштението.
Од полицијата посочуваат дека при акцијата биле повредени и еден полицаец и двајца пожарникари кои биле во контакт со течноста.
Напаѓачот побегнал, но подоцна бил уапсен, јавува CNN.
Мотивот за нападот не е познат. Во тек е истрага.