Магазин

Ова е идеалната температура на клима уредот за да не биде опасна по здравјето

Ова е идеалната температура на клима уредот за да не биде опасна по здравјето

Користењето климатизери во текот на летните месеци може да ве спаси од горештините, но важно е да знаете како правилно да ги користите за да избегнете здравствени проблеми.

Експертите истакнуваат дека разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура не треба да надминува седум степени.

Преголемата разлика во температурата може да предизвика бројни здравствени проблеми како што се главоболки, кардиоваскуларни проблеми, настинки, проблеми со дишењето, инфекции, алергии и сува кожа.

Препорачливо е клима уредите да бидат поставени на температура помеѓу 24 и 27 степени во лето. Исто така, важно е редовно да се чистат и сервисираат клима уредите за да се избегне ризикот од болест.

Неодржувањето на климатизацијата може да доведе до голем број на болести, вклучувајќи ја и легионерската болест, која е атипична пневмонија предизвикана од бактеријата Legionella pneumophila.

Придржувањето до овие совети не само што ќе ви овозможи пријатен престој во климатизиран простор, туку и ќе го заштитите вашето здравје за време на летните горештини, пишува Вечерњи лист.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни