Македонија

Таравари: Семејство тврди дека тримесечно бебе било тепано од медицинска сестра бидејќи мајката на детето не знаела македонски

Таравари: Семејство тврди дека тримесечно бебе било тепано од медицинска сестра бидејќи мајката на детето не знаела македонски

Министерот за здравство Арбен Таравари вчера на својот Фејсбук профил информираше дека дознал за монструозен случај, во кој тримесечно бебе имало траги на насилство по телото.

Таравари вели дека семејството на бебето тврдело дека истото било тепано на педијатрија од страна на медицинска сестра бидејќи мајката не знаела македонски јазик.

„Пред малку дознав за еден монструозен случај. Тримесечно дете има траги на насилство по телото. Семејството тврди дека детето било тепано на педијатрија од медицинската сестра бидејќи мајката на детето не знаела македонски … 1. Доколку овој случај е вистина, оваа медицинска сестра веднаш ќе биде отпуштена и јас лично ќе се погрижам веднаш да биде упатена до правните органи 2. Каква и да е вистината, виновниците за овој грозен и болен чин ќе бидат пронајдени и казнети 3. Сега одам лично на местото на настанот за да се сретнам со семејството и персоналот!“, напиша Таравари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни