Македонија

Ангажирање на Армијата за гасење на пожарите кај Неготино

Ангажирање на Армијата за гасење на пожарите кај Неготино

По наредбата од страна на претседателката и Врховен Командант на Вооружените Сили, Гордана Сиљановска Давкова за ангажирање на Армијата за справување со пожарите во реонот на неготинско, началникот на генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски нареди ангажирање на потребни капацитети на Армијата.

Притоа, стотина припадници на Армијата и два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ во раните утрински часови во координација со сите
инволвирани субјекти отпочнаа со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта.

Армијата согласно својата мисија и задачи останува максимално подготвена во извршувањето на својата Уставна обврска и задачи од мисијата која вклучува и нејзино ангажирање во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогоди секогаш кога било потребно.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни