Во насока на транспаретно работење и целосно информирање на јавноста, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги отфрла тврдењата изнесени на денешната прес конференција на СДСМ.
„Воедно, би сакале да ја информираме јавноста дека, делегацијата на Самитот на НАТО беше точно определена од страна на Алијансата и таа броеше вкупно 21 член, согласно протоколите на НАТО. Притоа, потенцираме дека Јован Мицкоски, синот на Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски не беше еден од членовите на делегацијата, иако Претседателот Мицкоски имаше покана за придружба од член на семејството.
Истовремено информираме дека за патувањето на Јован Мицкоски не се потрешена средства од Буџетот на Република Северна Македонија.
За сите дополнителни информации, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува отворено за јавноста“, велат од МНР.
Инаку од СДСМ велат „Универзитетот Џон Хопкинс на официјалниот профил на Твитер, објави фотографии од посетата на Мицкоски од САД каде според инфомрациите од медиумите, со него е неговиот постар син. Мицкоски мора итно да ја информира јавноста дали го носел синот во САД на државен трошок и да се произнесе околу целата ситуација. Мицкоски кој од самиот универзитет порача дека правото и правната држава за него се приоритет, очигледно решил тоа да важи за сите освен за него. Исто така, бараме Владата да го објави списокот на сите лица членови на делегацијата во САД кои патувале на трошок на граѓаните, за да се потврди или отфрли оваа информација. Изјава на Мицкоски нема да биде доволна. Владата најави отвореност и транспарентност, сега е шанса тоа да го покаже“.