Максималните температури денес беа 19 Попова Шапка, 25 Крушево, 26 Маврови Анови, 27 Лазарополе, 30 Крива Паланка, Охрид, Берово, 31 Тетово, Претор, Битола, Прилеп, 34 Штип, 35 Виница, 36 Скопје-Петровец Струмица, Велес, Кавадарци, 38 Демир Капија, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 18 Берово, 7 Маврови Анови, 2 Попова Шапка, 1 Тетово, Пожаране, Крушево, Гевгелија.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на
дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Времето денес сончево со мала до умерена облачност. Од пладне променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи, наместа пообилен (Беровско). Претежно во планинските региони имаше развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Поинтензивни процеси и појава на невреме со град имаше во Општина Македонски Брод, Ресен и во Гевгелиско-Валандовскиот регион.
Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи. До крајот на денот се очекува нестабилноста да продолжи со појава на локално краткотрајно невреме.