Македонија

Удар на гром предизвикал пожар во Старо Нагоричане

Удар на гром предизвикал пожар во Старо Нагоричане

Од регионалниот центар за управување со кризи Куманово и од Територијалната противпожарна единица на Старо Нагоричане информираа дека гром предизвикал пожар на сува трева и шума во село Бајловце, општина Нагоричани.

-На пожарот кој се случил вчера интервенираа противпожарна екипа со двајца пожарникари и возило, тројца припадници на полициската станица Старо Нагоричане и десет мештани од селото, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

Од РЦУК Куманово информираат дека причина за пожарот е гром. Пожарот избувнал во 16:20 часот, а бил изгаснат во 20:15 часот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни