Доцна вчера попладне, почина новинарката Анета Ѓошевска.
Новинарката Анета Ѓошевска е родена во Скопје, во 1978 година. Средно образование заврши во гимназијата Јосип Броз Тито, а студираше на правниот факултет во Скопје, на Универзитетот Кирил и Методиј.
Речиси целиот свој работен век го помина во редакцијата на Вечер во културната и забавната редакција, а неколку години работеше и за странска компанија. Таа ќе остане запаметена меѓу најблиските, кај колегите и пријателите по вродената харизма за шега, ведриот и колегијален дух и професионалноста.
Денес во 12:30 часот ќе бидат изложени посмрните останки во капела на градските гробишта Бутел, додека погребот ќе биде извршен во 13.30 часот на гробиштата во Бутел.