Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски оствари средба со постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григоријан.
На средбата беше разговарано за поддршката на УНДП кон нашата држава што се одвива во континуитет, преку проекти и експертиза, како и за борбата против корупцијата со помош на дигитализација, и градење на демократско општество.
Конструктивната средба резултираше со заедничка согласност за конкретни активности и соработка со Министерството за дигитална трансформација во корист на граѓаните.
Соговорниците си посакаа успешна работа и беа децидни дека треба да се направи многу за подигнување на квалитетот на услугите за граѓаните.