Денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со српскиот министер Ивица Дачиќ го посетија граничниот премин Табановце по што одговараа на новинарски прашања за тоа дали ќе профункционираат едношалтерските системи на граничните премини и дали ќе има инвестиции во насока на подобрување на технологијата за побрз проток на патници, Тошковски рече дека „реформи и реорганизација за побрз проток на патниците на граничните премини ќе има“.
-Еден од основните приоритети на новата Влада особено во рамки на МВР е интегриран систем на гранично управување во рамки на коишто освен граничен надзор влегува и граничен премин, така што реформа, реорганизација, дигитализација во овој дел секако дека ќе претставува еден од приоритетите на МВР. Апсолутно е дека ќе сториме се кое што е во наша надлежност и во наша моќ да можеме да ги осовремениме граничните премини и да го убрзаме протокот на возила помеѓу нашите две пријателски земји, вели Тошковски.
Посочи дека ова не се однесува само за граничниот премин „Табановце“, туку и на сите останати гранични премини, што ги имаме на територијата.