Македонија

Астрит Исени ја презема функцијата заменик министер за внатрешни работи

Астрит Исени ја презема функцијата заменик министер за внатрешни работи

Ве известуваме дека г. Астрит Исени и официјално ја презеде функцијата заменик-министер во Министерството за внатрешни работи. За одржување на безбедноста и стабилноста на земјата, г-дин Исени ќе работи со целосна одговорност и посветеност.

„Ми претставува  чест и привилегија да ја извршувам функцијата  заменик министер за внатрешни работи. Ќе се обидеме максимално да го одржуваме јавниот ред и мир, со што нашите граѓани ќе се чувствуваат заштитени и безбедни“, рече заменик министерот Исени.

Исто така, заменик министерот истакна дека неговата посветеност ќе биде максимална во однос на извршувањето на обврските, како и блиската соработка со другите надлежни институции. Ќе се ангажира и за продлабочување на соработката со сите релевантни европски и меѓународни организации поврзани со безбедносните прашања.  Кабинетот на заменик министерот е уверен  дека со раководењето  на г. Исени, Министерството за внатрешни работи ќе напредува во исполнувањето на својата мисија за обезбедување безбедна средина за сите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни