Македонија

Средба на министерот Муртезани со швајцарската амбасадорка Улман

Средба на министерот Муртезани со швајцарската амбасадорка Улман

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денес се сретна со Вероник Улман Марти, амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија.

Министерот Муртезани се заблагодари за континуираната поддршка и развојната помош од Швајцарија за Северна Македонија, тесно поврзана со реформските процеси и усогласувањето со стандардите на Европската Унија, јакнењето на институциите, рамномерниот регионален развој и заштитата на животната средина. Тој ја нагласи значајноста на долгогодишната блиска соработка во рамки на швајцарската развојна програма, што се рефлектира и во Стратегијата за Северна Македонија за периодот 2021 – 2024, со која се предвидени 65 милиони швајцарски франци за посочените тематски приоритетни области.

Особена благодарност беше изразена и за финансиската поддршка од Швајцарија за проектот „Поддршката на Северна Македонија за пристапувањето во ЕУ“, финансиран од страна на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), а имплементиран од УНОПС Скопје.

Муртезани и Улман Марти ги потврдија одличните билатерални врски  кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Швајцарија. На состанокот беше изразена заемно задоволство од одличната комуникација на политичко и економско ниво, потврдувајќи ги заложбите за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и севкупната соработка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни