Македонија

Амбасадорот Андреј Жерновски повикан на консултации во МНР

Амбасадорот Андреј Жерновски повикан на консултации во МНР

Амбасадорот на Македонија во Романија, Андреј Жерновски, е повикан на консултации во Министерството за надворешни работи. Од МНР нема информација за причините за овој повик.

Се очекува Жерновски наредните денови да допатува од Букурешт во Скопје и да седне на консултации со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. Жерновски на амбасадорското место во Романија замина во октомври лани, а пред да седне во амбасадорското столче ја извршуваше функцијата заменик министер за надворешни работи.

Освен Андреј Жерновски, на консултации во МНР беа повикани и амбасадорот во Обединетите нации, Љубомир Фрчкоски, како и македонскиот амбасадор во Рим, Весел Мемеди.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни