Регулаторната комисија за енергетика утре ќе ја објави новата цена за парно греење, што ќе ја одреди колку ќе ги чини граѓаните оваа зима да се греат. Важно прашање е дали ќе плаќаат поскапо или исто како минатата година.
Според неофицијални информации, се очекува одредено намалување на цената, но не значително, бидејќи оваа година Владата нема да го субвенционира парното.
Дополнителен проблем останува мостот Беласица, каде што беа оштетени цевките од топловодната мрежа на ЕСМ во пожар. Од компанијата не информираат зошто до сега цевките не се заменети, иако беше предвидено тие да се монтираат уште ланската грејна сезона. Лани беше најдено алтернативно решение за доток на топлина преку старите цевки на железничкиот мост, но тоа беше со намален капацитет, а и зимата беше мека.
Доколку температурите оваа зима паднат длабоко под нулата, граѓаните би можеле да останат со ладни радијатори.
Регулаторната комисија ги разгледала и барањата на компаниите за зголемување на цената за 50 отсто, од кои исклучок е само ЕСМ, кои бараат намалување. Претседателот на комисијата, Марко Бислимовски, смета дека цената на природен гас е поволна и тоа ќе влијае на цената за парно греење.
„Имаме поволни цени за природен гас, очекувам дека тоа ќе влијае на цената на парното“, изјави Бислимовски.
Очекувањата се дека Регулаторната комисија ќе донесе одлука која ќе биде објавена утре, што ќе ја утврди цената за парно греење во претстојната грејна сезона.