Свет

Проговорија и соседите во Македонија: Бил мирно и воздржано дете, а сега ја крена на нозе цела Австрија!

Проговорија и соседите во Македонија: Бил мирно и воздржано дете, а сега ја крена на нозе цела Австрија!

Едно момче на возраст од 18 години е уапсен поради поврзаност со планираниот терористички напад на еден од концертите на Тејлор Свифт во Виена.

Обвиненијата воопшто не се безопасни, властите го истражуваат осомничениот за обид за масовно убиство. Младиот човек бил запознаен со плановите на уапсениот Беран А.(19) од Терниц во Долна Австрија.

Австриската полиција претходно го објави идентитетот на тинејџерот кој е главен осомничен за планирање на нападот на концертот.

Родителите на Беран се по потекло од Македонија, а младиот човек, според австриските медиуми, дал отказ на работа на 25 јули со зборовите: „Имам големи планови“.

„Тој веќе беше радикализиран“, рекоа на прес-конференција во Виена.

Нападот е планиран за 9 или 10 август

– Терористите требаше да нападнат на 9 или 10 август, со ножеви, мачети и автомобил. На крајот планирале да се разнесат. Бил во контакт со двајца помагачи, од кои едниот работел на обезбедување на концертот – рекоа на прес-конференцијата во четвртокот.

Во неговата куќа пронашле мачети, ножеви, детонатори, кабли за палење и 21.000 фалсификувани евра. Под полициски надзор е и 17-годишен маж, за кого австрискиот „Крон цајтунг“ објави дека има хрватски корени и за кој се сомневаат дека е еден од помагачите.

Според информации од членови блиски до семејството, главниот осомничен Беран потекнува од градот Гостивар во северозападна Македонија.

По потекло е Албанец, но, како што е познато, ретко одел во татковината на своите предци. Таму повеќе бил како дете, а соседите го опишуваат како мирно и воздржано дете кое не правело проблеми.

„Ги знаеме неговите родители и семејството, но не и него. Роден е во Виена, каде што одел на училиште. Тој дојде овде и порано, но не се сеќаваме многу добро. Неговите родители не се религиозни фанатици, навистина не знаеме што се случило овде. Тие се религиозни, но не толку радикално“, вели соседот.

„Тој не шокираше сите нас“

Како што велат, навистина ги шокираше.

„Станува збор за традиционално семејство. Мислиме дека не ни живеел со своите родители. Фала му на Бога што не успеа во својот план, ќе беше катастрофа. Не знам што имало во главата на тоа дете да реши да направи такво нешто – велат соседите на напаѓачот од Македонија.

Австрискиот генерален директор за јавна безбедност Франц Руф изјави дека главниот осомничен признал се и детално ги опишал плановите за нападот. Руф потврди и дека информациите за нападите ги добиле од тајната служба.

Тинејџер (17) е уапсен и на стадионот Ернст Хапел, каде што требало да се одржат концертите на Тејлор Свифт. И тој живее во Терница, а неодамна раскина со својата девојка. Според „Кроне цајтунг“, се работи за млад човек со хрватски и турски корени, кој веќе и е познат на полицијата. Полицијата го пронашла на стадионот. Третиот уапсен тинејџер (15) е Австриец со турско потекло, сега е приведен четвртиот млад човек (18).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни