Членовите на тајландскиот парламент го избраа Паетонгтарн Шинаватра за нов премиер.
Паетонгтарн (37) е ќерка на поранешниот премиер Таксин Шинаватра. Таа е најмладиот премиер во историјата на Тајланд и втора жена на таа позиција, по нејзината тетка Џинглук.
Британскиот „BBC“ наведува дека таа е четвртиот член на семејството Шинаватра во изминатите две децении како премиер. Претходните три, меѓу кои и нејзиниот татко и тетка, беа соборени со воени удари или со одлука на Уставниот суд.
Уставниот суд пред два дена ја смени Срета Тавишин од премиерската функција.
Двајцата се од партијата Пеу Таџ, која на изборите во 2023 година беше на второто место по бројот на освоени гласови, но успеа да формира владејачка коалиција.