4NEWS.mk

Општина Новаци го асфалтира патот до излетничкото место Коњарка

Општина Новаци почна со асфалтирање на патниот правец од селото Скочивир до река Коњарка каде се наоѓа истоименото излетничко место.

Станува збор за инфраструктурен проект, пат во должина од 3 километри, финансиран од ЈП за државни патишта на РСМ, истакна градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски.

-Изградбата на овој патен правец е од големо значење за жителите од овој крај, придонесуваме за зголемување на квалитетот на живот на локалното население, а воедно ја зголемуваме и туристичката понуда бидејќи овој крај располага со бројни културно-историски споменици кои датираат од Прва светска војна, посочи Кузманоски.

Со асфалтирање на патот до излетничкото место на река Коњарка се очекува зголемување на посетеноста, а наскоро тоа први ќе го направат претставници од Делегација на ЕУ, информираа од тамошната локална самоуправа. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни