Македонија

Утрово најстудено во Лазарополе

Утрово најстудено во Лазарополе

Минималните температури утрово беа 10 Лазарополе, 12 Маврови Анови, 13 Попова Шапка, 14 Битола, Претор, 15 Охрид, Куманово, Крушево, Дебар, 16 Крива Паланка, Тетово, Прилеп, 17 Берово, 19 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Виница, Кавадарци, Демир Капија, 20 Гевгелија, Велес, Струмица.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 08 часот (во l/m 2 ) 38 Демир Капија, 32 Куманово, 22 Гевгелија, 16 Лазарополе, 5 Маврови Анови, Дебар, Штип, 3 Прилеп, Крива Паланка, 2 Претор, Скопје-Зајчев Рид, 1 Охрид, Пожаране, Крушево, Берово, Ѓуриште, Кавадарци, Струмица.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Времето во текот на ноќта и изутринава беше променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Утрово зголемена облачност има во источните делови од земјата.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60 км/ч) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени. UV=6

Во Скопје умерено облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.
Максималната температура ќе достигне до 33 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни