Македонија

Арсовска: Доколку советниците не ги блокираа проектите, Скопје немаше да биде во оваа состојба!

Арсовска: Доколку советниците не ги блокираа проектите, Скопје немаше да биде во оваа состојба!
На денешната прес-конференција, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече дека „предложила состанок на кој презентирале решенија за надминување на блокадите во Советот на град Скопје од страна на советниците кои три години ги држат скопјани заложници на нивната политика. Предложиле на вонредна седница советниците да ја изгласаат програмата за работа на ЈП Комунална Хигиена за јавна чистота. Предложиле и план за набавка на нови еколошки автобуси, и тоа понудиле советниците да формираат Комисија за набавка на новите автобуси која ќе ја спроведе целата набавка јас она да ја потпиеше“.
„Предложивме и старт на реализација на проектот БРТ, со кој градот Скопје ќе добие 60 нови автобуси. Побаравме Владата да го исплати долгот од 8 милиони евра кон ЈСП за бесплатниот превоз на студенти, за што одговорот што го добивме беше дека ќе го исплатат, со повлекување на средствата за изградба на новиот булевар во Визбегово, “Хасан Приштина” што го сметаме за уцена на штета на граѓаните на градот Скопје, а не партнерски однос и решение“, вели Арсовска.
Таа вели „сите решенија повеќе пати претходно се доставени до Советот и советниците, некои и над 20 пати, односно над 20 месеци, испратени се материјали од повеќе стотици страници на увид, и сите тие решенија се блокирани. Советниците блокираат планови за работа без кои претпријатијата не можат и не смеат да работат“.
„Градот Скопје финансиски е консолидиран, буџетот е ликвиден, а претпријатијата за разлика од минатото за прв пат функционираат без владина поддршка во овој мандат.
Ние не бараме пари од Владата, туку бараме политичка волја да се одблокира советот и донесат одлуките.
Разбирам дека Перински е неискусен во оваа работа, но, веројатно ќе научи во текот на неговиот мандат. Но тој треба да знае дека доколку советниците од неговата политичка партија не ги блокираа проектите, плановите за работа и јавните претпријатија, Скопје немаше да биде во оваа состојба.
Иако презентиравме план, не го прифатија и побараа од нас нов план, и беа изненадени дека и тоа го прифативме, бидејќи тие сакаат проблеми а не решенија“, рече Арсовска на прес-конференцијата.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни