Во одговор на неодамнешното соопштение од Алијанса за Албанците, Македонски Концепт сака јасно да истакне дека обвинувањата и навредите кои тие ги пласираат се само одраз на нивната политичка фрустрација и желба за одржување на етнички тензии. Наместо да се фокусираат на реалните потреби на граѓаните и на градење на заедничка иднина, тие продолжуваат со популистички обиди за поларизација и манипулација на јавноста.
Македонски Концепт исто така смета дека токму Алијанса за Албанците, како докажани соработници со корумпираните елити и структури на ДУИ и нивниот газда, Али Ахмети кои веќе подолго време го експлоатираа државниот систем, имаат најмалку право да зборуваат за морал, правичност или заштита на граѓанските права. Тие не се ништо повеќе од продолжена рака на мафијашките интереси кои сакаат да ја задржат својата контрола врз институциите, додека ги обвинуват другите за сопствените неуспеси.
Вистинската опасност за нашата држава не се критичките гласови, туку оние кои со години работат на штета на заедничкиот интерес и на сметка на сите граѓани, без разлика на етничката припадност. Македонски Концепт секогаш ќе застане на страната на правдата и на вистинската интеграција, но нема да дозволи да биде предмет на лажни обвинувања и политички манипулации.
Интегрално соопштение од Македонски концепт