Свет

Бајден: САД се подготвени да му помогнат на Израел да се одбрани од иранските ракетни напади

Бајден: САД се подготвени да му помогнат на Израел да се одбрани од иранските ракетни напади

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека САД се подготвени да му помогнат на Израел да се одбрани од иранските ракетни напади и да ја заштитат американската војска во регионот.

Џозеф Бајден на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека разговарал со потпретседателот Камал Харис и со тимот за национална безбедност на Белата куќа за тоа како САД се подготвени да му помогнат на Израел да се одбрани од овие напади и да го заштити американскиот персонал во регионот.

Израелската војска објави дека Иран лансирал балистички ракети кон Израел.

Израелските медиуми објавија дека Иран истрелал повеќе од сто балистички ракети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни