Данската полиција соопшти дека истражува две експлозии во близина на израелската амбасада во Копенхаген, пренесе Ројтерс.
Нема извештаи за жртви, соопштија органите на редот. „Никој не е повреден, прелиминарните испитувања се вршат на местото на настанот“, се вели во соопштението на полицијата во Копенхаген во соопштението на Х. „Се истражува можна поврзаност со израелската амбасада во областа“, напишаа и властите.
Голема површина е опколена и има зголемено присуство на органите на редот, јавуваат локалните медиуми. Претставници на истражните органи во заштитна облека биле забележани како го пребаруваат периметарот за траги, пишува таблоидот „Б.Т.“.
Засега од дипломатската мисија не се изјасниле.
Полицијата соопшти дека подоцна ќе објави повеќе информации за истрагата.