4NEWS.mk

Мас предупредува на критична ситуација во Заливот: Да се спречи избувнување војна

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, синоќа го предупреди Иран дека „грабнувањето на трговските бродови на други земји придонесува кон спиралата на ескалација“, која може да доведе до војна.

Мас за германски „Билд“ кажа дека одземањето на британскиот танкер и привремено одземање на уште еден брод ситуацијата во Заливот ја направија посериозна  и поопасна отколку што реално е, пренесоа американските медиуми.

Според него, напорите на Европа се фокусирани на тоа каналите за комуникација да останат отворени за „гласот на разумот“.

Тоа е само заради спречување на војната, рече Мас. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни