Свет

Хезболах: Ги потиснавме израелските војници зад границата

Хезболах: Ги потиснавме израелските војници зад границата

Либанското движење Хезболах денеска соопшти дека ги потиснало назад израелските војници кои „упаднале“ на југот на Либан во близина на позицијата на мировните сили на ОН во таа земја (Унифил).

По слабеењето на Хамас, чиј напад на израелска територија на 7 октомври минатата година предизвика нов израелски бран на насилство, Тел Авив сега води отворена војна против Хезболах, сојузник на Хамас.

Либанското движење соопшти дека ги турнало зад границата израелски војници кои се вметнале во близина на позицијата на сините шлемови во пограничното село Лабуна.

Портпаролот на израелската армија Надав Шошани рече дека тие се во постојан контакт со УНИФИЛ за да се погрижат нивните војници да не бидат фатени во вкрстен оган меѓу Хезболах и израелските сили.

Скоро 10.000 војници на ОН се распоредени во јужен Либан по долгата сина линија што ја означува границата меѓу Либан и Израел.

Унифил во неделата ги осуди операциите на израелската армија во близина на една од нејзините позиции во пограничното село Марун ал Рас и ги оцени како „исклучително опасни“.

Хезболах тврди дека ги повикал своите борци да не интервенираат или да им се закануваат на војниците на ОН.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни