4NEWS.mk

Пожар во Фиренца предизвика откажувања и хаос во железничкиот сообраќај

Пожар што утринава пламнал на железницата во Фиренца доведе до повеќечасовни доцнења и откажувања на повеќе од 20 брзи возови, јавија британските медиуми.

Огнот се појавил во управувачката единица и најверојатно станува збор за подметнат пожар, соопшти РФИ, компанијата која управува со железницата.

Заради пожарот во сериозни проблеми се најдоа илјадници патници кои доаѓаа или си заминуваа од Фиренца, а инцидентот го наруши сообраќајот ширум земјата, вклучувајќи ги и големите градови. Сето ова се случува во неделата кога синдикатот  за сообраќај најави штрајк од среда до недела низ цела Италија.

Возовите денеска во просек доцнат по три часа, но имаше и 25 откажувања на брзи возови.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни