Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ е во Куманово во рамките на официјалната посета на Северна Македонија. Тој рече дека е „радосен што вчера останал во Куманово“ и дека има убави спомени од тој град.
Служев војска во Куманово во 1984/1985 година, при посетата видов многу пријатели, имав добри и конструктивни средби од кои сум задоволен“, напиша Дачиќ на својот Инстаграм профил.
Тој истакна дека една средба му била особено драга.
– Отидов да ја посетам слаткарницата „Реклама“, каде што мојот драг пријател Сали ме пречека со раширени раце, како и претходно, мило ми беше што повторно те видов!“, додаде тој.