Македонија

Средба Мицкоски-Шолц: „Да се вреднуваат нашите напори кон патот на ЕУ“

Средба Мицкоски-Шолц: „Да се вреднуваат нашите напори кон патот на ЕУ“

Премиерот Христијан Мицкоски е во Берлин, каде учествува на Самитот за „Берлинскиот процес“.

Тој беше пречекан од германскиот канцелар Олаф Шолц, со кого остварил кратка средба.

„Разговаравме за економијата, политичките случувања, за потребата да се вреднуваат нашите напори кон патот на ЕУ каде за влез предолго чекаме, за потребата за внесување на енергија и динамизирање на процесите. Германија останува да биде наш активен партнер и поддржувач“, изјави Мицкоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни