4NEWS.mk

Сирија: Најмалку 43 загинати и над 100 ранети во напади во провинцијата Идлиб

Во напади од воздух во северозападната сириска провинција Идлид загинаа најмалку 43 луѓе, соопшти Сириската организација за човекови права со седиште во Лондон.

Триесет и седум цивили загинаа во напади во кои е погоден пазар и области во градот Марет-ал-Нуман во провинцијата Идлиб. Шест други лица загинаа во напади од воздух во соседниот град Саркиб.

Во нападите се ранети повеќе од 100 луѓе.

Руското Министерство за одбрана демантираше дека нивни авиони ги извршиле нападите. Претходно, Сириската организација за човекови права соопшти дека најверојатно руски или сириски авиони ги извршиле нападите.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни