Македонија

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: ЈСП Скопје апелира на измама со картичката „Скопска“

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: ЈСП Скопје апелира на измама со картичката „Скопска“

Од ЈСП Скопје велат дека е лажна веста со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“.

Во објавата што се шири на социјалните мрежи се вели „патувајте бесплатно 1 година со Скопска картичка!“

-ЈСП ве поканува да се придружите на иницијатива за подобрување на градската мобилност и промоција на јавниот превоз. Обезбедете една од 500 паметни картички, кои нудат 1 година неограничено патување низ Скопје за само 2 долари! – стои во објавата.

Од ЈСП нагласуваат дека се работи за измама.

„Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните“, нагласуваат од ЈСП „Скопје“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни