Македонија

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители „Херои на Македонија“

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители „Херои на Македонија“

денес, 20.10.2024 година делегација на Македонскиот полициски синдикат составена од Претседателот на МПС Зоран Кузманоски и Помошникот на генералниот секретар на МПС Еврен Адемовски во СРЦ “Борис Трајковски” во Скопје, присуствуваше на отворањето на меморијалниот турнир во мал фудбал „Македонски херои “, што се одржува во чест на загинатите бранители од 2001 и 2015 година.

Оваа спортска манифестација која традиционално се одржува во Скопје претставува длабок поклон кон херојското дело и саможртвата на припадниците на македонските
безбедносни сили.

“Ова се моменти кога со длабока тага се сеќаваме на нашите херои.

Во името на сите 9000 члена на МПС и во мое лично име сакам да ја споделам нашата благодарноста кон нивното дело која секогаш ќе биде премала во споредба со нивната саможртва втемелена во иднината на својата татковина Република Македонија.

Свесни сме и знаеме дека сите ние никогаш целосно не можеме да им се оддолжиме на луѓето кои ги дадоа своите животи во зачувувањето на територијалниот интегритет на нашата земја. Но, можеме и мораме да им оддадеме почит и засекогаш да се сеќаваме.

Нашето традиционално присуство овде како преставници на Македонскиот полициски синдикат е најголема потврда дека нашите загинати колеги не се и никогаш нема да бидат заборавени.

Како синдикат паметиме и ќе направиме сѐ што е потребно, генерациите што доаѓаат по нас со достојна почит да се сеќаваат на храброста на припадниците на безбедоносните сили на Република Македонија кои ги положија животите во одбрана на својата татковина..”

НЕКА ИМ Е ВЕЧНА СЛАВА!!!,

истакна во своето обраќање пред присутните Претседателот на МПС Зоран Кузманоски.

На турнирот оваа година екипата на Македонскиот полициски синдикат беше составена од припадници на ОЗОЛО.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни