Македонија

Четири опожарени контејнери во Куманово

Четири опожарени контејнери во Куманово

Четири контејнери во Куманово биле опожарени, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи. Територијалната противпожарна единица вчера интервенирала на пожар во три контејнери и напуштена гаража под пругата во месноста „Бавчи“. Дополнително, контејнер бил запален и во село Горно Којнаре. Пожарникарите исто така гаселе и ѓубре во село Романовце.

Жителите на булеварот ,,Октомвриска револуција“ постојано се жалат на неподнослива миризба и додаваат дека воздухот дополнително се загадува поради палењето.

Во текот на викендот несовесни граѓани ги фрлиле во река новопоставените садови за смет долж течението на реката Кумановка.

Кумановци бараат брза и навремена реакција од општинските и државните институции за спречување и казнување на несовесните граѓани кои ја уништуваат урбаната опрема.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни