Во Основниот суд во Струга денеска нема да се одржат двете закажани рочишта против струшкиот градоначалник Рамис Мерко за незаконско поставување директори во основни училишта.
Двајца од сведоците се надвор од државата, а меѓу нив и поранешниот министер за образование Јетон Шаќири.
Вкупно осум обвиненија се подигнати против градоначалникот на Струга. Во две одвоени постапки против Мерко, се водат судски процеси за незаконско назначување на директори во основните училишта во Велешта, Лабуниште и до Подгорци, како и во училиште во Струга. Обвинение за истото кривично дело е подигнато и за училиштето во Радолишта.