Студеното утро придонесе во училиштата да мора да се пушта греење. Тоа не беше случај со училиштата во Општина Карпош, каде и натаму не е надминат проблемот, рече министерката Весна Јаневска.
„За жал, проблемот со загревањето во училиштата во Карпош не се надмина. Очекувам овие денови да имам состанок со градоначалникот, жал ми е што треба да соопштам дека искористени се ротациите, оваа година општина Карпош со ребалансот добила 18 милиони денари и верувам дека не се сосема доволно и искрено се надевам дека ќе изнајдеме некакво решение, се разбира со негови поголеми услуги отколку од министерството оти пак станува збор за закон“, посочи Јаневска.