Свет

ВИДЕО: Објавена снимка од куќата на Нетанјаху

ВИДЕО: Објавена снимка од куќата на Нетанјаху

Либанскиот Хезболах денеска ја презеде одговорноста за саботниот напад со дрон врз домот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Цезареја, во централниот дел на земјата.

„Ја изјавуваме нашата целосна и единствена одговорност за операцијата во Цезареја насочена кон воениот злосторник Нетанјаху“, рече на прес-конференција Мохамед Афиф, шеф за односи со медиумите на Хезболах, пренесе АФП.

Нетанјаху рече дека нападот не го одвраќа од остварување на неговите воени цели.

Тој оцени дека обидот на „ирански сојузник“ да ги убие него и неговата сопруга е голема грешка.

Нетанјаху и неговата сопруга во тој момент не биле дома и немало повредени.

Иранската мисија во ОН соопшти дека акцијата ја извршил Хезболах од Либан, а израелската армија навела дека биле употребени три беспилотни летала, од кои едниот погодил зграда во Цезареја.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни