Македонија

Томас Вајц за Македонија: Европскиот парламент назначи нови известувачи!

Томас Вајц за Македонија: Европскиот парламент назначи нови известувачи!

Австрискиот европратеник Томас Вајц е именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Македонија.

Припадник на Европските зелени, Вајц бил копретседавач на Европската зелена партија и активен во соработката со зелени партии во Чешка, Словенија, Полска и Унгарија, како и во поддршка на развојот на зелени партии во регионот, вклучувајќи ја Македонија.

Тој се залага за проширување на ЕУ со фокус на Западен Балкан се вели на неговиот „X“ профил.

Остатокот од позициите за известувачи за земјите од Западен Балкан е распределен помеѓу различни политички групи во Европскиот парламент.

Тонино Пицула ќе биде известувач за Србија, Андреас Шајдер за Албанија, а Марјан Шарец за Црна Гора.

Европската народна партија (ЕПП) доби известувачи за Косово и Босна и Херцеговина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни