Македонија

Мицкоски за 23-ти Октомври: Да се обединиме, друга татковина немаме!

Мицкоски за 23-ти Октомври: Да се обединиме, друга татковина немаме!

Христијан Мицкоски денеска на обраќањето на одбележувањето на 23. Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ја повика опозицијата на обединување.

Тој кажа дека драматичните проценки се оваа земја да исчезне за 70 години, а до 2050 година во земјата ќе има 400.000 души помалку.

„Проценките велат дека сме на добар пат за 70 години да исчезнеме, а до 2050 година во земјава ќе има 400.000 луѓе помалку. Дали знаете што значи тоа?“, рече Мицкоски.

Потоа кажа дека мора да има обединување за нашата единствена татковина.

„Ајде да се обединиме, затоа што друга татковина немаме. Затоа јас им велам дека секој ваш предлог којшто е конструктивен, и ќе го прифатиме. Не можам, а да не го прокоментирам оној закон кој го најавуваат за минималната плата да биде 27.000 денари. А, истите тие имаа седум години можност за тоа. Јас кажувам дека ова е време во кое ќе се знае дали ќе нè биде или не. Времето повеќе не работи за нас“, рече Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни