Се уште трае потрагата по 60-годишниот стружанец, кој исчезна во неделата, но засега не дава резултати. Тој отишол да бере печурки во близина на селото Брчево и не се вратил.
Неговиот брат го пријавил исчезнувањето во полициската станица откако не можел да воспостави контакт со него.
Подрачјето каде исчезна стружанецот е комплицирано, со тешко прооден планински терен и густа вегетација. Од Планинската спасителна служба потврдуваат дека не е прв ваков случај.
На 18-ти октомври, исчезна белгиски турист кој планирал да планинира во охридско-струшкиот регион кон Албанија. И покрај темелното пребарување, засега нема никакви траги од исчезнатиот турист.